• четврток, 30 јануари 2025

Во Куманово 305 згради имаат управители, една заедница на станари

Во Куманово 305 згради имаат управители, една заедница на станари

Куманово, 28 јануари 2025 (МИА) - Едукација за станарите и постојана соработка со станбените домари е клучна за домување и имплементацијата на Законот за домување, соопштија денеска од Секторот за инспекциски надзор од општина Куманово. Во Куманово според податоците на инспекторатот има 305 згради кои имаат станбен омар и една со заедница на станари. Нив ги надгледува само еден инспектор.

-Граѓаните најмногу реагираат на комунални проблеми. Кумановци сметаат дека станбени управителит реба да поведат иницијатива за секој проблем, напротив иницијативата треба да почне од станарите, преку надзорните одбори за д се надмине проблемот. Кај нас во Куманово, најголем број проблеми се за протекување покрив, проблеми со водводни цевки, особено во постарите згради. Се случува во немој стан никој да не живее па да не може да влезе мајстор. Процесот на извршување е подолг, за разлика од западно-европските земји, каде веднаш доаѓа фирма која испорачува сметка кај станарот., изјави Бобан Бојковски од сектор за инспекциски надзор од општина Куманово.

Проблем се појавува и поради незначителни средства кои се одвојуваат за резервен фонд. Со такви помали средства не може да се замени кровна конструкција, да се замени цела водоводна инсталација или посериозен проблем.

-Особено проблеми се јавуваат во овие постари згради каде што живеат лица повозрасни лица пензионери или лица коишто користат социјална помош исто така многу тешко се доаѓаат одлука за да им се реши одреден проблем во посебни две години најголеми ние што имаме, вели Бојковски.

Доколку реагираат потребно е да има согласност од 50 плус еден процент на станови да се согласат за покрупни интервенции.

-Лично го поддржувам овој закон затоа што додека ги немаше управителите, се сведуваше на добра волја на поединци кои собираа пари за поправка на сијалици, варосување итн. Потребни се одредени измени, потребна е и едукација која нашиот инспектор ја организира често со дел од граѓани и станбени домари. Крајно и непопуларно решение е судот, вели Бојковски.

И граѓаните и станбените домари се согласуваат дека се потребни измени со кои подобро ќе функционира заедничкото домување. Жалбите до инспекторите се крајно решение кое се презема откако ќе се исцрпат сите можности. Во Куманово пред извесен период беше одземена и лиценца на еден  од станбените домари. ам/са/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан