• четврток, 26 март 2026

Во Куманово утре ќе гласаат 212 болни и немоќни, 79 осудени лица и 42 во домот за стари „Зафир Сајто“

Во Куманово утре ќе гласаат  212 болни и немоќни, 79 осудени лица и 42 во домот за стари „Зафир Сајто“

Куманово, 31 октомври 2025 (МИА) - Во Куманово утре ќе гласаат 212 болни и немоќни лица, соопштија денеска од Општинската изборна комисија.

Претседателката на ОИК Куманово, Кристина Цветковска, рече дека утре за гласање се пријавени и 42 лица сместени во Домот за стари лица „Зафир Сајто“.

- Во казнено-поправната установа затвор Куманово (К’шање) ќе гласаат и 79 осудени лица. Сè е подготвено за утрешниот ден и за во недела, изјави Цветковска.

Право на глас во недела имаат 94 041 гласач, со што Куманово е општина со најголем број избирачи кои ќе гласаат на 164 избирачки места. ам/хс/ 

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан