Во Куманово поставени 15 контејнери за собирање на текстилен отпад
- Во детската градинка „Синоличка“ денеска беше поставен специјализиран контејнер за собирање отпад од текстил. Целта на оваа иницијатива е да се овозможи правилно и одговорно управување со текстилниот отпад, да се поттикне граѓанската свест за реупотреба и рециклажа, како и да се придонесе кон заштита на животната средина.
Куманово, 7 јули 2025 (МИА) - Во Куманово почна поставувањето на специјализирани контејнери за собирање отпад од текстил. Акцијата се реализира преку Секторот за животна средина и просторно планирање од општина Куманово, ЈП „чистота и Зеленило“ и колективен постапувач „Еко текс“ од Скопје.
Во детската градинка „Синоличка“ денеска беше поставен специјализиран контејнер за собирање отпад од текстил. Целта на оваа иницијатива е да се овозможи правилно и одговорно управување со текстилниот отпад, да се поттикне граѓанската свест за реупотреба и рециклажа, како и да се придонесе кон заштита на животната средина.

- Вакви контејнери ќе има на 15 локации, но ќе гледаме да бидат заштитени, градински, основни училишта, некои покритични локации. Ги повикуваме сите да го одлагаат ваквиот отпад во контејнерите. Постапувачот ќе ги празни контејнерите. И претходно имавме договори со друг овластен постапувач за стакло, лименки, но поради нередевоно одржување го раскинавме договорот. Акцијата е одлична и сметам дека ќе наиде на добар одзив кај младите, изјави директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“, Ненад Стојановски.
Активноста се спроведува во соработка со колективниот постапувач од Скопје, регистриран во Министерството за животна средина и просторно планирање. Во летниот период предизвик за комуналното претпријатие е количината на смет. Во овој период кумановци се жалеа на чести палења на смет, отпад, шут, тексти, од несовесни лица. Граѓаните споделуваа видеа, фотографии до општинските служби, полицијата уапси две лица.
- Важно е да проработи колективната свест. Реката е полна со текстил и често се гори вакво вид на отпад. Ги повикувам сите да ја фрлаат дотраената облека токму во вакви контејнери, рече претседателката на советот Ивана Ѓорѓиевска.
Одделение за заштита на животната средина и природата при Општина Куманово ги повикува сите граѓани да се вклучат во оваа акција и да го одложуваат непотребниот или оштетен текстил во специјалните контејнери, наместо да го фрлаат во мешаниот отпад. Отпадот од текстил ќе биде третиран согласно законските прописи и ќе се испраќа на понатамошна селекција и преработка. Постапувачот има склучено договори со 13 општини.
- Законот предвидува третман на текстилот не само облека, чаршафи, завеси килими, се селектира, памук, полиестер, се рециклира дури 90 проценти, останатите се користат како енергенс, кажа претставникот на фирмата Фируз Мемед.
Според досегашното искуство, токму најмладите кои посетуваат градинка се најодговорни во складирање на текстилен отпад. ам/дма/
Фото: МИА