Во Куманово на три локации ќе се собира кабаст отпад, почнува пролетна акција
- Во Куманово на три локации ќе се собира кабаст отпад, информираа денеска од општината. Акцијата ќе трае пет дена, а кабастиот отпад може да остави на три локации, кај спортска сала, кај кумановската противпожарна единица и кај „Кошеви“.
![Во Куманово на три локации ќе се собира кабаст отпад, почнува пролетна акција](https://mia.mk/images/20250214145158_big_730x400_96.webp )
Куманово, 14 февруари 2025 (МИА) - Во Куманово на три локации ќе се собира кабаст отпад, информираа денеска од општината. Акцијата ќе трае пет дена, а кабастиот отпад може да остави на три локации, кај спортска сала, кај кумановската противпожарна единица и кај „Кошеви“.
- Општина Куманово и ЈП „Чистота и зеленило, по насоки дадени од Министерство за животна средина и просторно планирање, организираат акција за собирање на кабаст отпад. Акцијата ќе започне од 15-ти февруари и ќе трае до 20 февруари, годинава на три локации. Ваквите акции ќе продолжат и во месец март и април, информираа од општината.
Несовесни граѓани од Куманово исфрлаат фотелји, кревети, гарнитури на несоодветни локации, од комуналното претпријатие „Чистота и Зеленило“ постојано апелираа до граѓаните да достават барања до нив за да се организираат акции за собирање на кабаст отпад.
Често се случува ваков вид отпад да заврши и во речното корито. Кумановци, граѓански организации реагираат на ваквата појава која ја загадува животната средина и бараат од инспекциските служби соодветни санкции. ам/дма/
Фото: МИА