• понеделник, 23 декември 2024

Во Крушево проект „Обои мозаик на македонски јазик“

Во Крушево проект „Обои мозаик на македонски јазик“

Крушево, 28 јуни 2024 (МИА)  - Учениците од крушевското основно училиште „Никола Карев“ и од средното „Наум Наумоски-Борче“ денеска работеа на впечатливиот проект „Обои камен, обои мозаик на македонски јазик“.

Со креиран графит-мозаик учениците ги изразија своите чувства преку ликовното креирање, како дел од годинашната програма на Министерството за култура, „Цртај на македонски јазик“. Креираниот графит-мозаик ќе биде завршна етапа на проектот, резултат на неколку литературни и ликовни истражувачки работилници поддржани од локалната самоуправа, локалните институции и заедницата.

-Ова е втор по ред ваков вид графит-мозаик во кој учениците од ОУ „Никола Карев“ и од средното училиште „Наум Наумовски–Борче“ под менторство на наставниците Емил Солески и Надица Нане, обработуваат теми поврзани со градот Крушево, неговата историја, традиција и негување на мајчиниот јазик, објаснува наставникот Емил Солески. ем/дма/

 

Фото:  МИА

 

 

Остани поврзан