• сабота, 15 март 2025

Во Кривопаланечко пријавени 259 пчелари

Во Кривопаланечко пријавени 259 пчелари
Крива Паланка, 22 јуни 2021 (МИА) - Во периодот за годишно пријавување одгледувачи на пчели одреден од Агенцијата за храна и ветеринарство, што траеше до 15-ти овој месец, во ветеринарната станица во Крива Паланка се пријавиле вкупно 259 пчелари од реонот на општините Крива Паланка и Ранковце. - До петнаесетти јуни месецов во ветеринарната станица во Крива Паланка пријавени се 259 одгледувачи на пчели, што подразбира дека се опфатени и пчелари кои имаат одгледувалишта на две-три локации Овие пчелари одржуваат вкупно 9185 пчелини семејства, колку што пријавија. Лошата пролет, со студ и мраз, поради  што дојде до измрзнување на дел на овошките,  придонесе за послаб пролетен развој на пчелите. Багремот во голем дел остана неискористен, поради што целото внимание на пчеларите е свртено кон искористување на ливадската паша која е во тек, изјави Ацо Павловски, претседател на здружението „Пчела" од Крива Паланка. Тој посочи дека тековно, во овој период се врши производство на матици и обновување на пчелините семејства кои настрадале во текот на зимата, како и на  зголемување на бројот на постојните пчелни семејства. ид/цр

Остани поврзан