• петок, 05 декември 2025

Во Крива Паланка, Ранковце и Кратово гласањето почна навремено и се одвива непречено

Во Крива Паланка, Ранковце  и Кратово гласањето почна навремено и се одвива непречено

Крива Паланка, 19 октомври 2025  (МИА) - Сите 47 избирачки места во Крива Паланка утрово се отворени навреме, а изборниот процес се одвива непречено, информира Моника Костовска, претседателка на општинската изборна комисија Крива Паланка.

На денешните избори ќе можат да гласаат вкупно 16534 граѓани од Крива Паланка, регистрирани во единствениот избирачки список, а вчера гласале 212 од вкупно пријавени 218 болни и немоќни лица, двајцапаланчани кои престојуваат во дом за стари лица и 12 лица кои престојуваат во одделението на казнено поправна установа затвор, Крива Паланка.

На списокот на лица во странство кои можат да гласаат на изборите се запишани 749 граѓани.
И во Кратово гласањето тече мирно, сите 33 места на кои денес ќе можат да гласаат 7438 гласачи се отворени навреме, информира Јасминка Крстевска, претседателка на ОИК Кратово.

Посочи дека од вкупно 166 пријавени,во текот на вчерашниот ден гласале 157.
И во Ранковце изборниот процес започнал навреме, во оваа општина денес на 13 избирачки места гласаат 2921 граѓани, а од пријавените 54, вчера гласале 51 болно немоќно лице.ид/лв/

фото: МИА 

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан