• вторник, 05 ноември 2024

Во Крива Паланка предавање „Бубрежно здравје за сите" по повод Светскиот ден на бубрегот

Во Крива Паланка предавање „Бубрежно здравје за сите

Крива Паланка, 14 март 2024 (МИА) - Светскиот ден на бубрегот - 14 Март денеска во Крива Паланка беше одбележан со едукативно предавање за средношколците од медицинската струка во СОУ „Ѓорче Петров ". Стручните лица од Центарот за дијализа „Диаверум" говореа за превенција од бубрежни заболувања и хемодијализа.

-Стотина ученици од трите учебни години во здравствена струка имаа можност да слушнат од стручниот тим на „Диаверум" како да се спречат бубрежните заболувања и да се одржи здравјето на бубрезите, информираше директорката на училиштето, Елена Ѓоргиевска.

Менаџерот на клиниката, Фросина Ефремовска нагласи дека заедно со тимот од „Диаверум" Крива Паланка, во состав на д-р.Тамара Ѓоргиевска Ѓошевски и медицинските сестри Оливера и Роберта, подготвиле едукативно предавање што непосредно, преку дискусија со учениците јасно им потенцираа на младите медицинари како да се сочуваат здравјето на бубрезите и нивната виталност, и каков животен стил треба да практикуваат за да го сочуваат своето здравје, а истото и да го пренесат на останатите.

Светскиот ден на бубрегот се одбележува секоја година, во вториот четврток од месец март, во над двесте земји во светот, А нашата држава го одбележува од 2007 година.

-Годинава, 14 март е посветен на унапредување на правичниот пристап до нега и оптимална практика на лекови. „Диаверум“ е дијализен провајдер, кој во Северна Македонија работи од 2018 година. Застапен е на четири континенти во 24 земји во светот. Строгите процедури за работа од светски ранг, усогласени со националната легислатива во доменот за бубрежното здравје и дијализното работење, испорачуваат вистинска грижа за дијализните пациенти,вели Ефремовска.

По повод 14 март и како резултат на повеќегодишните анализи, во соработка со Реналната академија во соработка со „Мој термин“, Министерството за здравство, Шведската амбасада, „Нефроплус“, „Диаверум" најави голем проект чијшто носител е за Југоисточниот Регион, логистички и финансиски, а се однесува на бесплатен скрининг на популацијата во ризик од хронична бубрежна болест. Пилот-проектот ќе опфати 1000 пациенти од регионот на работа на „Диаверум“, ќе започне во текот на овој месец март, кој што е посветен на бубрежното здравје и ќе трае во следните четири месеци.ид/бт/

Фото: СОУ „Ѓорче Петров" Крива Паланка

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан