Во Кочани отворена изложба на делата од Лесновската ликовна колонија 2021
- Во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани денеска беше отворена изложба, на која се претставени 34 дела од овогодишната меѓународна Лесновска ликовна колонија.
Кочани, 21 септември 2021 (МИА) - Во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани денеска беше отворена изложба, на која се претставени 34 дела од овогодишната меѓународна Лесновска ликовна колонија.
По неодамнешното претставување во матичната институција, Домот на културата „Злетовски рудар“ од Пробиштип, кој е организатор на колонијата, изложбата во Кочани е прво гостување во другите градови во државата.
- Ликовните уметници годинава работеа во три сликарски техники - акрил, масло и спреј на платно, темата беше слободна, а секој од нив црпеше инспирација од околината на манастирот во Лесново. Колонијата се одржа по дваесет и деветти пат, а нашата ликовна збирка е збогатена со триесетина прекрасни дела. Горди сме што и покрај специфичните услови со пандемијата немавме никави проблеми ниту со реализацијата на колонијата, ниту во организацискиот дел, истакна Сандра Мијалковска, директорка на Домот на културата „Злетовски рудар“ од Пробиштип.
Публиката во Кочани ќе може да ги види делата од колонијата во наредните две недели, во Салон 2 на ЦК „Бели мугри“.
Реализацијата на Лесновската ликовна колонија и годинава финансиски беше помогната со буџетски средства од локалната самоуправа на Пробиштип, како и од Министерството за култура. та/ки/