Во Кочани завршен концерт на Фолклорниот ансамбл „Мугри“ и гости од регионот
- Националната установа - Центар за култура „Бели мугри" од Кочани денеска организира завршен концерт на Фолклорниот ансамбл „Мугри“ и Оркестарот за изворни народни песни и ора при оваа национ

Скопје, 22 октомври 2022 (МИА) - Националната установа - Центар за култура „Бели мугри" од Кочани денеска организира завршен концерт на Фолклорниот ансамбл „Мугри“ и Оркестарот за изворни народни песни и ора при оваа национална установа.
Концертот ќе се одржи на летната сцена во 17 часот. Покрај домаќините, на концертот пред кочанци ќе настапат и фолклорните ансамбли „Јанко Глигоров“ при Дом на култура „Крсте Мисирков“ од Свети Николе, „Велигденски цветови“ од село Јаргулица Радовиш, КУД „Коле Неделковски“ од Велес и Фолклорната група при НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ од Делчево. вг/лв/