• недела, 07 декември 2025

Во Кочани денеска сатирична работилница со Миле Ѓорѓиоски

Во Кочани денеска сатирична работилница со Миле Ѓорѓиоски

Кочани, 14 октомври 2025  (МИА) - Во просториите на библиотеката „Искра“ денеска во 12 часот во во Кочани ќе се реализира сатирична работилница со Миле Ѓорѓиоски, еден од најафирмираните сатиричари во земјава. Учесници ќе бидат ученици, членови на кочанската библиотека. 

Станува збор за проект на Здружението „Надеж-Норе“ од Македонска Каменица, што е дел од содржините на  Меѓународниот фестивал „Јаков од Камена Река“ на кој ЈОУБ „Искра“ се јавува како соработник. 

Проектот е  поддржан од Министерството за култура и туризам. ис/нд/

Фото: Плакат на библиотека „Искра“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан