• четврток, 26 март 2026

Во Кочани денеска отворена ликовната изложба „Креации во ноќта“ на ликовни уметници од Прилеп

Во Кочани денеска отворена ликовната изложба „Креации во ноќта“ на ликовни уметници од Прилеп

Кочани, 2 октомври 2025  (МИА) - Денска во ЦК „Бели мугри“ Кочани е отворена изложбата насловена „Креации во ноќта - уметност инспирирана од соништата“ на Друштвото на ликовни уметници од Прилеп.

Пред публиката е изложена поставка од десетина творби на уметници создадени во 2020 година, а овој настан од културата е претставен во јавноста за првпат пред две години.

-  Создавајќи уметнички дела инспирирани од своите лични соништа, уметниците, членови на ДЛУ од Прилеп, се надоврзуваат на многувековната традиција присутна на светската и домашната ликовна уметност. По спроведеното тематско истражување секој уметник со автентичен ликовен јазик ја визуелизира и отелотворува својата визија, рече Маја Ралева Миладиновски, куратор на „Креации во ноќта“ на денешното отворање на изложбата во „Бели мугри“ во Кочани.

Проектот е дел од Годишната програма на НУ ЦК „Бели мугри“ од Кочани, со финансиска подршка од Министерството за култура и туризам. Поставена е во фоајето на  приземјето на Националната установа од Кочани, каде ќе биде достапна за посетителите во наредните две недели.ис/вј/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан