• четврток, 26 март 2026

Во Кочани амбасадорот на Шпанија, Сориано Ортис ја отвори работилница за продукти и слики од рециклирани и органски материјали

Во Кочани амбасадорот на Шпанија, Сориано Ортис ја отвори работилница за продукти и слики од рециклирани и органски материјали

Кочани, 17 декември 2025 (МИА) - Амбасадорот на Kралството Шпанија во Република Северна Македонија, Рафаел Сориано Ортис, денеска во ЦК „Бели мугри“ во Кочани ја отвори работилницата за репродуктивна уметност и дизајн со инспирација од шпанската естетика, преку создавање органски врски со традиционални состојки од Кочани, чиј покровител е Амбасадатa на неговата држава во Скопје.

Организатор на овој настан е Здружението на граѓани за културно-уметнички дејности „ОДОНАТА” од Кочани.

Проектот подразбира отворена работилница во која локални уметници и млади учесници изработуваат продукти и слики од рециклирани и органски материјали, преку спој на уметноста, архитектурата и современиот дизајн, проследен со инспирација од шпанската естетика.

Амбасадорот Рафаел Сориано Ортис рече дека тој е прв дипломатски претставник на Шпанија од така висок ранг што го посетува Кочани, што претставува поддршка за градот и граѓаните по трагедијата во „Пулс“ од 16 март годинава.

Најави дека Амбасадата на Кралството Шпанија и понатаму ќе поддржува проекти од културата на уметници од Кочани и земјава, што ќе ги зближуваат двете држави. ис/вј/

Фото: МИА

 

Остани поврзан