• понеделник, 23 декември 2024

Во Колумбија формиран Директорат за жени со платена сексуална работа

Во Колумбија формиран Директорат за жени со платена сексуална работа

Богота, 11 април 2024 (МИА) – Во Колумбија е формирано одделение за заштита на правата на сексуалните работнички наречено Директорат за жени со платена сексуална работа, со кој ќе раководи трансродовата феминистка и активистка за човекови права Шарлот Каљехас.

Главната функција на Директоратот е да креира, усвојува и имплементира упатства за гарантирање на правата на сексуалните работнички, се наведува во соопштението на колумбиското Министерство за еднаквост, под кое и Директоратот за жени со платена сексуална работа.

- Ја потврдувам мојата намера да изградам мостови од институцијата до другите административни сектори за жените жртви на трговија со луѓе и сексуална експлоатација, истакна Каљехас.

Кубанско-колумбиската активистка вети дека ќе понуди можности за „сексуалните работници кои сакаат да ја напуштат околината“ и за жените „кои сакаат да останат со гаранција за своите права“.

Каљехас има над 25 години искуство во застапување на правата на сексуалните малцинства и во јавниот и во приватниот сектор. Таа работеше во Министерството за внатрешни работи и во Одделот за социјален просперитет.

Во Колумбија проституцијата е легализирана од 1970 година. Активноста е регулирана и ограничена на бордели во специјално одредени „зони на толеранција“, како што е населбата Санта Фе во Богота, каде што таквите активности се дозволени. Во исто време, сексуалната експлоатација и трговијата со луѓе се забранети, како и експлоатацијата на малолетници. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан