• петок, 22 ноември 2024

Во кино „Манаки“ три филма од студентската програма на ИФФК „Браќа Манаки“

Во кино „Манаки“ три филма од студентската програма на ИФФК „Браќа Манаки“

Битола, 23 август 2022 (МИА) - Студентската програма на ИФФК „Браќа Манаки“ предизвикува посебен интерес на фестивалот. Годинава е збогатена и со филмови работени на повеќе европски универзитети.

Селекторот Ѓорги Пулевски избра филмови од Академијата од Љубљана, Универзитетот „Хасан Приштина“ од Косово, Универзитетот во Солун, Академијата од Загреб, чешката академија за филм, Унивезритетот за телевизија и филм во Минхен, потоа Лондон филм скул, академии од Мадрид, Виена, од Украина, Полска и Турција, како и од Државниот Универзитет во Тетово и ФДУ Скопје.

Денес на програмата се шпанските филмови „Измачување“ во кој кинематографери се Марта Батилоси и Паула Беса, и филмот „Пролетни ветрови“ во кој кинематографери се Камила Монтој и Паула Романиљос Алиа. Во рамки на студентската програма ќе се емитува и студентскиот филм „Натриум“, претставник на филмската школа од Полска, а во кој кинематографер е Андрзеј Козма Перински.

Капацитетот и можностите на кино „Манаки“ и денес ќе бидат максимално искористени, а според програмата во ова кино ќе биде емитуван играниот филм „Григрис“, како и документарниот хрватски филм „Фабриките на работниците“.

ИФФК „Браќа Манаки“ со посебна програма се реализира и на другите утврдени локации, односно голема и мала сала на НУ Центар за култура и Офицерски дом. мт/ир

Остани поврзан