Во Касарната „Илинден“ одбележување на петгодишнината од пристапувањето во НАТО
- По тој повод свое обраќање ќе имаат претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајот Сашко Лафчиски и командантот на здружената команда на сојузничките сили во Неапол, адмирал Стјуарт Манч.

Скопје, 28 март 2025 (МИА) - Во Касарната „Илинден“ во Скопје денеска ќе се одбележи 5. годишнината од пристапувањето на Република Северна Македонија во НАТО Алијансата.
По тој повод свое обраќање ќе имаат претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајот Сашко Лафчиски и командантот на здружената команда на сојузничките сили во Неапол, адмирал Стјуарт Манч.
На настанот е најавено и присуство и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министри во владата, претставници од воено–дипломатскиот кор во земјава и други гости.
По обраќањата ќе следуваат показни вежби на припадниците на Армијата. ев/мд/
ФОТО: Архива