• четврток, 16 април 2026

Во касарната Еребино ќе се уништуваат минско-експлозивни средства

Во касарната Еребино ќе се уништуваат минско-експлозивни средства

Тетово, 27 март 2026 (МИА) - Полицијата и Армијата во недела (29 март) во касарната Еребино помеѓу тетовските села Желино и Сиричино ќе вршат уништување на минско-експлозивни средства, па ги информираат граѓаните дека ќе се слушаат експлозии.  Активностите ќе почнат во 9 часот. 

-Ќе се изврши уништување на минско-експлозивни средства, кои се во лоша состојба и не можат да се транспортираат до полигонот Криволак за уништување, соопшти денес СВР Тетово. 

Активностите ќе ги реализираат екипи од Министерството за внатрешни работи и Армијата. ас/дма/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан