Во Карпош садење на 30 дрва
- Комуналните служби на општина Карпош утринава почнаа со садење на 30 висококвалитетни зимзелени дрвја - туи во населбите Козле и Карпош 3.

Скопје, 5 јуни 2021 (МИА) - Комуналните служби на општина Карпош утринава почнаа со садење на 30 висококвалитетни зимзелени дрвја - туи во населбите Козле и Карпош 3.
Локалната самоуправа, се наведува во соопштението на Општината, продолжува со континуирано зголемување на зеленилото, откако претходно беа засадени и 50 дрвја во повеќе населби.
-На 05. јуни – Светскиот ден на животната средина, се потсетуваме дека борбата за заштита на околината е секојдневна. Во изминативе години, општина Карпош работи на зголемување на зелениот фонд, подигнување на нови тревни површини, поставување на системи за наводнување и создавање на маалски паркови по населбите, се додава во соопштението.
Од Општината велат дека овој период предвидуваат подигнување на нови тревни површини во урбаните заедници „Владо Тасевски“ и Тафталиџе 2. На дел од јавните површини ќе биде засадена нова трева, украсни растенија, а ќе бидат поставени и системи за одржување на целото зеленило.
-Ги повикуваме сите граѓани на одговорно однесување и заштита на животната средина. Сите сме одговорни за чист и зелен Карпош, се наведува во соопштението. ац/
