• четврток, 21 ноември 2024

Во Карпош е основан локалниот совет за женско претприемништво

Во Карпош е основан локалниот совет за женско претприемништво

Скопје, 14 ноември 2024 (МИА) - Во Скопје денеска се одржа конститутивната седница во чии рамки официјално беше формиран Локалниот совет за женско претприемништво на општина Карпош (ЛСЖП), соопштија од Општина Карпош.

За претседател едногласно е избрана доц. д-р Вера Бошковска, додека пак за нејзини заменички биле избрани координаторката од Општина Карпош за еднакви можности меѓу жените и мажите, Виолета Михајловска и претставничката од приватниот сектор, Марина Терповска Штарго.

Членовите и ја дале целосната доверба на Славица Новевска која отсега ќе ја извршува функцијата Секретар на Локалниот совет за женско претприемништво на општина Карпош.

-Во текот на седницата се расправаше и за повеќе конструктивни предлози кои треба да резултираат со изработка на годишна програма за работа на Локалниот совет, како и за конципирање на повеќегодишна стратегија според која ќе функционира ова тело. Според статутот, ЛСЖП е предвиден да работи во насока на подобрување и унапредување на економско - финансиската независност кај жените кои живеат или работат на територијата на општината. Притоа, од тој аспект, од исклучително значење е зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за женско претпримништво, со цел ефикасно креирање на политики преку кои ќе се застапуваат интересите на жените во локалните и национални власти, инфофрмираат од Општина Карпош.

На иницијативата за формирање на Локалниот совет за женско претприемништво и претходела Декларацијата за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво, која во февруари оваа година ја потпишаа градоначалникот Јакимовски и претседателката на Националната платформа за женско претприемништво, Валетина Дисоска.

Инаку, во Локалниот совет членуваат градоначалникот Стевчо Јакимовски, сите советнички од локалната самоуправа во Карпош, координаторот и заменик координаторот за еднакви можности, претставник на Националната платформа за женско претприемништво, како и претставнички од граѓанскиот, образовниот и бизнис секторот од општината.

Оваа платформа е воспоставена преку проект којшто е кофинансиран од ЕУ, а го спроведува Здружението на бизнис жени, во партнерство со Сојузот на стопански комори на Македонија, Националната федерација на фармери и Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување (МИР). сст/aa/

фото Општина Карпош

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан