• петок, 22 ноември 2024

Во Канада измерени рекордни 46,6 степени Целзиусови

Во Канада измерени рекордни 46,6 степени Целзиусови
Монтреал, 28 јуни 2021 (МИА) - Делови од Северна Америка се погодени од бран жештини, а во Канада беше регистрирана рекордна температура од 46,6 степени Целзиусови. Највисоката температура е регистрирана во неделата во Литон, Британска Колумбија, јави Би-Би-Си. Исклучително високите температури се должат на поле со висок притисок над северозападот на САД и пацифичките делови на Канада. Експертите предупредуваат дека климатските промени може да се зголемат застапеноста на екстремни временски прилики како што се жештини, а ваквите климатски промени може да бидат придружени со зголемување на бројот на жртви од поплави, бури и горештини. Се предупредува и за неколкудневните жештини низ северозападниот дел на САД и делови од западна Невада и Калифорнија. зш/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан