• четврток, 21 ноември 2024

Во каменичкото Суво Маало се решава проблемот со атмосферската канализација

Во каменичкото Суво Маало се решава проблемот со атмосферската канализација
Македонска Каменица, 10 октомври 2022 (МИА) - Во каменичкото Суво Маало во тек се градежни работи за решавање на проблемот со атмосферската канализација, информираа од комуналното претпријатие ,,Камена Река" чии екипи се задолжени за извршување на теренските работи.
-Започнавме со градежни активности за решавање на проблемите на граѓаните од Суво Маало поврзани со одводнувањето на атмосферските отпадни води. Во завршна фаза е реализацијата на првиот дел од градежните работи, следува утврдување на работната динамика за целосна изградба на атмосферската канализација во овој дел од градот, информираа од ЈП ,,Камена Река".
Претходно како што додадоа завршени се активностите за изградба на нова канализациска мрежа на улица Миле Јаневски Џингар.
-Паралелно со овие градежни активности извршено е приклучување на домаќинствата кон новата водоводна линија и инсталација на водомерни единици за корисниците од овој дел на градот, додадоа од ЈП ,,Камена Река".
Нови приклучни станици, во изминатиот период како што додадоа добија и жителите на Павлиш Маало. вс/ир

Остани поврзан