• сабота, 06 декември 2025

Во Калишта пронајдена неексплодирана артилериска граната

Во Калишта пронајдена неексплодирана артилериска граната

Скопје, 16 ноември 2025 (МИА) - Неексплодирана артилериска граната со калибар 105 милиметри е пронајдена при изведување градежни работи и ископ во струшкото село Калишта.

Како што информира МВР, случајот е пријавен на 14 ноември 2025 во 16:00 часот во СВР Охрид.

Овластено лице од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнало гранатата, а увид извршила екипи од СВР Охрид. мч/дма/

фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан