• петок, 22 ноември 2024

Во Кавадарци се гради водоводна и канализациона мрежа во месноста Моклиште

Во Кавадарци се гради водоводна и канализациона мрежа во месноста Моклиште

Кавадарци, 11 јануари 2024 (МИА) - Во тек на изградба е водоводна и канализациона мрежа, како и реконструкција на каптажите во месноста Моклиште, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев. 

- Прва фаза, со која е опфатен фекален колектор во должина од 1.600 квадратни метри, од село Ваташа до „12 Ваташки младинци". Доделени се средства од Министерството за животна средина во износ од 4.000.000 денари, додека останатите 3.400.000 денари се инвестиција на Општината. Со изградбата на овој фекален колектор, сите куќи од село Ваташа до „12 Ваташки младинци" ќе бидат приклучени во фекалната канализација и нема да имаат никаков проблем во однос на истата во иднина, соопштија од кабинетот на Јанчев. 

Изведувач на работите е АС „Машини". свд/сст/

Фото : Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев 

Остани поврзан