Во Кавадарци работилници „Да ставиме крај на туберкулозата"
- „Да ставиме крај на туберкулозата" беа насловени работилниците што се одржаа во Кавадарци по повод одбележувањето на Неделата на борба против туберкулоза од 14 - 21 септември, во организација на Црвен крст на Република Северна Македонија, Општинска Организација Кавадарци.
Кавадарци, 19 септември 2024 (МИА) - „Да ставиме крај на туберкулозата" беа насловени работилниците што се одржаа во Кавадарци по повод одбележувањето на Неделата на борба против туберкулоза од 14 - 21 септември, во организација на Црвен крст на Република Северна Македонија, Општинска Организација Кавадарци.
Како што информира попладнево кавадаречкиот Црвен крст, се одржаа пет работилници во две основни и едно средно училиште со што беа опфатени 111 ученици.
-Целта на одбележувањето на оваа Недела е подигање на јавната свест за важноста на општото, социјалното и економското здравје. Се прават напори да се стави крај на глобалната епидемија со туберкулоза, велат од Црвен крст Кавадарци.
За пошироко информирање на граѓаните од Кавадарци и Росоман за опасноста по здравјето од туберкулозата изготвени се и плакати. свд/мч/
Фото: Црвен крст Кавадарци