Во Кавадарци проект за следење на физичкиот развој кај ученици
- Во Кавадарци се спроведува проект за следење на физичкиот развој кај ученици, информираа попладнево од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

Кавадарци, 11 март 2025 (МИА) - Во Кавадарци се спроведува проект за следење на физичкиот развој кај ученици, информираа попладнево од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
- Денеска во две основни училишта во Општина Кавадарци започна имплементацијата на проектот „Состојбата на физичкиот фитнес, нутритивниот статус и статусот на стапалата кај децата и младите од Општина Кавадарци“, во соработка со Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“-Скопје, Факултет за Физичко образование, спорт и здравје. Во О.О.У „Димката Ангелов Габерот’’ Кавадарци и „Димката Ангелов Габерот’’ во село Ваташа, на околу 200 ученици од второ до петто одделение, им се изврши мерење и следење на физичкиот развој (откривање на телесни деформитети), појаснија од Кабинетот на градоначалникот Јанчев.
Оттаму додадоа дека во проектот ќе бидат вклучени вкупно 1.460 ученици од основните училишта при Општина Кавадарци. свд/дма/
Фото : Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев