• недела, 12 мај 2024

Во Кавадарци проект за бесплатни стерилизација на женски кучиња кои имаат сопственици

Во Кавадарци проект за бесплатни стерилизација на женски кучиња кои имаат сопственици

Кавадарци, 2 декември 2023 (МИА) - Во Кавадарци се реализира проект за бесплатни стерилизација на женски кучиња кои имаат сопственици, соопштија вечерва од „Срце за животните Тиквеш“. Оттаму појаснија дека станува збор за вториот дел од проектот.  Првиот дел поминал успешно, биле стерилизирани 68 од предвидени 80 кучиња. 

- Поттикнати од немилите глетки изминатиот месец , цели легла исфрлени до контејнери , мајки со мали однесени во пустелии. Веруваме дека никој не е рамнодушен, но никој не може да ги згрижи и вдоми сите, едноставно премногу се. Единствено хумано решение е стерилизацијата  за намалување на бројот на бездомни кучиња. Стерилизацијата се врши под општа анестезија и е безболно за кучето, појаснија од „Срце за животните Тиквеш“. 

Оттаму посакаа да се влезе во поубава нова година со помалку бездомни животни, да нема болни и гладни по улиците, секое кутре да има свој дом. свд/нд/

Фото: „Срце за животните Тиквеш“

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан