• сабота, 23 ноември 2024

Во Италија ковид пропусницата го зголеми бројот на боледувања

Во Италија ковид пропусницата го зголеми бројот на боледувања
Рим, 21 октомври 2021 (МИА) - Во Италија од 15 октомври кога се воведени задолжителни ковид пропусници за сите работни места забележан е раст на издадени боледувања. На 15 октомври лекарите издале 94.113 боледувања, што е за 28 отсто повеќе во споредба со пред една недела, кога биле издадени 76.836 боледувања. На 18 октомври издадени се 192.174 боледувања, една недела претходно - 165.061. Ковид пропусницата потврдува дека лицето е вакцинирано, прележало Ковид-19 или има негативен тест. ми/

Остани поврзан