• недела, 22 декември 2024

Во Италија досега дадени близу 45 милиони дози вакцини против Ковид-19

Во Италија досега дадени близу 45 милиони дози вакцини против Ковид-19
Рим, 19 јуни 2021 (МИА) - Од почетокот на кампањата за вакцинација во Италија, дадени се 44.651,249 дози вакцина против коронавирус, објави СИР (Servizio Informazione Religiosa), повикувајќи се на здравствени власти. Податоците покажуваат дека 15.115,246 лица го завршиле циклусот на вакцинација потребен за имунизација, што е еквивалентно на 27,86 отсто од италијанската популација. Повеќето вакцини се дадени на лица од возрасна група 80-89 години, кои се сметаат за најранливи. Во Италија, најпреферирана е вакцината Фајзер. Во однос на календарот, податоците покажуваат дека 6.033.235 вакцини биле дадени во март, 9.721,711 во април и 15.004.577  во мај. Здравствените власти неодамна објавија дека смртноста во Италија е највисока по Втората светска војна. Од почетокот на пандемијата, во Италија се потврдени 4,2 милиони инфекции и 127.000 смртни случаи. јт/

Остани поврзан