• вторник, 05 ноември 2024

Во Истанбул уапсени петмина под сомнение за поврзаност со ИСИС

Во Истанбул уапсени петмина под сомнение за поврзаност со ИСИС

Истанбул, 5 септември 2023 (МИА) - Полицијата во Истанбул уапси пет лица под сомнение дека се поврзани со терористичката група ИСИС, изјави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.

„Полицијата спроведе антитерористички операции за фаќање шест лица осомничени дека обезбедувале средства за печатење и продажба на пропаганден материјал во книжарниците во име на терористичка група“, изјави Јерликаја на платформата Икс.

Истакнувајќи дека операциите биле извршени во пет области на Истанбул, тој додаде дека во акцијата биле фатени петмина осомничени, а запленети се бројни дигитални материјали и 73.000 долари, јави Анадолија.

Во 2013 година Турција стана една од првите земји што ја прогласи ИСИС за терористичка организација. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан