• четврток, 26 март 2026

Во Иран егзекутиран израелски шпион

Во Иран егзекутиран израелски шпион

Техеран, 28 мај 2025 (МИА) – Во Иран денеска е егзекутиран Иранец осуден поради шпионажа во корист на Израел, објавија иранските државни медиуми.

Педрам Мадани (41) е обесен откако Врховниот суд на Иран ја потврди смртната казна.

Иранската новинска агенција (ИРНА) објави дека Мадани, кој беше уапсен во 2020 година, го посетил Израел и имал средби со претставници на Мосад, на кои им предал доверливи информации за ирански објекти каде е инсталирана важна опрема. Тој за информациите бил плаќан во девизи и криптовалути.

Мадани имал средби со претставници на Мосад и во Амбасадата на Израел во Белгија. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан