• четврток, 02 април 2026

Во Индонезија подигнато нивото на тревога поради активност на вулканот Бур Ни Телонг

Во Индонезија подигнато нивото на тревога поради активност на вулканот Бур Ни Телонг

Џакарта, 21 декември 2025 (МИА) – Индонезиските власти го подигнаа нивото на тревога од третото на второ поради зголемена активност на вулканот Бур ни Телонг во западната провинција Ацех.

Властите го предупредија локалното население и туристите да се оддалечат од кратерот најмалку четири километри. Тие стравуваат дека обилните дождови и вулканската активност би можеле да ја отежнат  евакуацијата на жителите на три села, лоцирани на два километра од вулканот.

Според Геолошката агенција на Министерството за енергетика и минерални ресурси синоќа е забележани зголемена активност и повеќе вулкански потреси кои се почувствувале во радиус од пет километри.

Индонезија е лоцирана во така наречениот Тихоокеански огнен прстен, каде вулканската активност и земјотресите се честа појава. Во земјата има 127 активни вулкани. ми/сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан