• понеделник, 23 декември 2024

Во Индонезија насукани 45 китови, три преживеале

Во Индонезија насукани 45 китови, три преживеале
Џакарта, 19 февруари 2021 (МИА) - Само три од 45 китови денеска го преживеаја масовното насукување во плитките води на индонезискиот остров Мадура, во провинцијата Источна Јава, соопштија индонезиските власти. Волонтерите и локалните власти успеале да вратат во морето три пилотски китови од плажата Модунг. Гувернерот на провинцијата Источна Јава, Хофифа Индар Параванса изјави дека властите ги испитуваат причините за смртта, додека остатоците на угинатите животни ќе бидат закопани во близина на брегот. - Волонтерите кои им помагаат на китовите да се вратат во океанот рекоа дека некои од нив повторно се вратиле на брегот затоа што нивните мајки сè уште биле насукани на плажата, рече Параванса. Според веб-страницата „Whale Stranding Indonesia“, минатата година имало 59 вакви инциденти на брегот на Индонезија, во кои најмногу се насукувале дугонзи и делфини. паг/  

Остани поврзан