• четврток, 26 март 2026

Во израелските напади врз Појасот Газа загинаа 14 луѓе

Во израелските напади врз Појасот Газа загинаа 14 луѓе

Газа, 30 мај 2025 (МИА) – Најмалку 14 луѓе загинаа, а деветмина се повредени во денешните израелски напади врз Појасот Газа.

Болницата Шифа, во северниот дел на Појасот Газа, соопшти дека примила 12 безживотни тела од бегалскиот камп Џабалија.

Додека две тела и деветмина повредени биле примени во болницата Ал Кудс во градот Газа. Еден од повредените е лекар од болницата Ал Кудс.

Од почетокот на војната во Појасот Газа загинале повеќе од 54.000 Палестинци, а според локалните здравствени власти една третина од убиените биле деца. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан