• среда, 25 март 2026

Во Измир два пожара се вон контрола

Во Измир два пожара се вон контрола

Анкара, 3 јули 2025 (МИА) – Два пожара денеска се вон контрола во турската покраина Измир, а гаснењето на огнот е отежнато поради силниот ветер.

Жителите на најмалку пет окрузи во близина на пожарите, кои горат источно и западно од градот Измир, во близина на летувалиштето Чешме, се евакуирани.

Во гаснењето на пожарите учествуваат и два авиона и шест хеликоптери.

Во Турција од 27 јуни поради екстремни жештини и суша избувнаа стотици пожари. Поради пожари во провинциите Измир и Хатај пред четири дена беа евакуирани 50.000 луѓе. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан