Во Звечан нападната екипа на РТК
- Косовската радио-телевизија (РТК) објави дека во Звечан била нападната нејзина екипа што известувала од овој град на северот на Косово

Приштина, 15 јуни 2023 (МИА) – Косовската радио-телевизија (РТК) објави дека во Звечан била нападната нејзина екипа што известувала од овој град на северот на Косово.
Косовскиот Јавниот сервис објави видео на кое се гледа дека е демолирано возило на РТК и дека се нападнати новинар и снимател на таа телевизија.
Тоа е прв напад по неколку дена, откако претходно, од почетокот на протестот во Звечан пред 18 дена, имаше најмалку десетина напади врз претставници на медиумите. ми/
фото: РТК