• понеделник, 13 мај 2024

Во ЖФК Љуботен дојде репрезентативката Александра Марковска

Во ЖФК Љуботен дојде репрезентативката Александра Марковска

Тетово, 20 јануари 2022 (МИА) - Во пролетиот дел од сезоната ЖФК Љуботен од Тетово ќе биде засилен со фудбалската репрезентативка Александра Марковска-Танди.

Клубот со ова најново засилување најавува битка за првото место.

- Со популарната Танди, ЖФК Љуботен го добива оној последен пас кон шампионскиот поход, oна кое можеби беше најголемиот проблем во есенскиот дел за нашиот тим. Македонската репрезентативка со своите фудбалски виртуози ќе ја подигне креацијата во офанзивниот ред и со тоа очекуваме да ја донесе потребната разлика во однос на конкурентите. Но тука не застануваме, ќе градиме цврсти темели, ќе градиме респектабилна екипа, велат од ЖФК Љуботен.

Марковска е родена 1997 година и во Тетово доаѓа од ЖФК Скопје 2014. ас/зс/

Остани поврзан