• сабота, 14 март 2026

Во Женева почнаа преговорите помеѓу Иран и САД

Во Женева почнаа преговорите помеѓу Иран и САД

Женева, 17 февруари 2026 (МИА) - Во Амбасадата на Оман во Женева почнаа индиректните преговори помеѓу Иран и САД, со размена на пораки преку медијаторот Оман, јави Иранското државно радио.

Иранската делегација е предводена од министерот за надворешни работи Абас Арагчи, а САД се претставени од специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на американскиот претседател, Џаред Кушнер.

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека индиректно ќе биде вклучен во преговорите.

- Ќе бидам вклучен во тие разговори индиректно и тие ќе бидат многу важни. Ќе видиме што може да се случи - истакна Трамп.

САД со години се обидуваат да го спречат Иран да добие нуклеарно оружје. Техеран тврди дека неговата нуклеарна програма е за цивилни цели.

Претходно, Техеран соопшти дека е подготвен да разговара за ограничувањата на својата нуклеарна програма доколку САД се подготвени да ги укинат економските санкции. Но, Иран не е подготвен да преговара за други прашања, како што е ограничувањето на својот ракетен арсенал или прекинувањето на поддршката за вооружените групи во регионот. ми/сд/

фото: ДПА

Остани поврзан