• понеделник, 23 декември 2024

Во ЕУ почнаа меѓуинституционалните преговори за Законот за обнова на природата

Во ЕУ почнаа меѓуинституционалните преговори за Законот за обнова на природата

Брисел, 20 јули 2023 (МИА) - Во рамките на ЕУ вчера официјално започнаа преговорите околу Законот за обнова на природата, кој за цел има обновување на запоставените копнени и водени површини, откако минатата недела Европскиот парламент ја одобри неговата нацрт-верзија.

Европската народна партија (ЕПП) се обиде да го блокира одобрувањето на предлогот, па така тој не помина на парламентарниот Комитетот за животна средина, јавно здравје и безбедност на храната кога по 44 европратеници гласа „за“ и „против“ неговото усвојување. Сепак, потоа беше поддржан на пленарната сесија на Европскиот парламент со 336 гласа „за“, 300 „против“ и 13 „воздржани“, благодарение на поддршката на пратеничките групи на Прогресивната алијасна на социјалстите и демократите, Левицата, Зелените и на либералната Обновена Европа.

Законот за обнова на природата го предложи Европската комисија на 22 минатиот месец како дел од Европскиот зелен договор, со задача да придонесе за долгорочно обновување на запоставените копнени и водени површини во ЕУ и да се постигнат целите на Унијата за заштита на климата и биолошката разновидност.

Првичната идеја на дел од европратениците беше со Законот да се постави цел за обнова на 30 проценти од запоставените екосистеми до 2030 година, но во верзијата усвоена во Европарламентот таа зацртана стапка беше намалена на 20 отсто, колку што предлагаат и Европската комисија и Советот на ЕУ.

Чист воздух е придобивката во Тетово тоа што изминативе месеци често пати имаше дожд, вели специјалистот по здравствена екологија и хигиена д-р Ратко Давидовски од тетовскиот Центар за јавно

Според претседавачот на Комитетот за животна средина, францускиот либерален европратеник Паскал Канфин ваквата усогласенот меѓу трите институции на Унијата – Европскиот парламент, Европската комисија и Советот на ЕУ би можело да значи дека преговорите околку конечната верзија на законот би оделе со побрзо темпо. 

- Осумдесет проценти од текстот е ист. Се разбира тука се преостанатите 20 проценти, но мислам дека врз оваа основа „тријалогот“ би можеле да оди доста брзо, рече Канфин.

Европарламентот и Советот на ЕУ вршат притисок за олабавување на некои од целите што ги зацрта Еврокомисијата, што е невообичаено имјаќи превид дека по правило европратениците секогаш се залагаат за построги цели.

Така, Парламентот бара укинување на членот од текстот кој поставува задолжителни цели за обнова на земјоделските екосистеми, намалување на целта на ЕК за обновување на речните текови до 2030 година од 25.000 на 20.000 километри, како и поместување на крајните рокови за некои цели. 

Советот на ЕУ немаше забешеки на овие одредби предложени од Еврокомисијата, но од друга страна побара „пофлексибилно“ толкување на обврската да се спречи натамошно влошување на состојбата на клучните екосистеми, додека Парламентот предлага едноставно укинување на таа одредба.

Европарламентот и Советот бараат во законот да нема пропишани конкретни проценти за обнова на урбаните екосистеми и посебно за зголемување на зелените површини и бројот на дрвја во градовите. 

Спорно останува и прашањето околу надоместокот на сопствениците на земјиштето што ќе биде опфатено со мерките за обнова. Комисијата предлага овие средства да се обезбедат од Програмата за животна средина на ЕУ (ЛИФЕ), но Европарламентот и Советот сметаат дека тие не се доволни и бараат обезбедување на нови механизми за финансирање по 2027 година.

Според аналитичарите, како што наведува „Политико“, постигнувањето компромис околу ова прашање би можело да биде клучно за усвојување на Законот.

Јавниот повик е отворен до  27 јануари 2022 година, до кога земјоделците ќе може да аплицираат за добивање на финансиска поддршка од Програмата за рурален развој преку мерката 121.4 „Набавка

Сепак, судбината на овој законски предлог во голема мерка може да зависи и од исходот на неделните парламентарни избори во Шпанија, актуелниот претседавач со ЕУ. Сегашната социјалдемократка Влада на Педро Санчез усвојувањето на Законот за обнова на природата го вклучи меѓу приоритете на шпанското претседавање со Унијата.

На изборите во Шпанија се очекува победа на опозициската конзервативна Народна партија (ПП) пред Социјалистичката работничка партија на Шпанија (ПСОЕ) на Санчез, но според анкетите, конзервативците нема да можат сама да формираат влада. При гласањето во Европскиот парламент, европретениците на ПП и на нејзиниот потенцијален коалициски партнер, екстремно десничарската партија Вокс гласаа против Законот за обнова на природата.

Шпанското претседателство со ЕУ, од своја страна, тврди дека изборите нема да влијаат на разговорите за Законот и без разлика на нивниот исход, Шпанија нема да отстапи од зацртаните цели на своето претседавање.

Во основа претседавачот со ЕУ треба да биде неутрален во текот на преговорите за законот, но доколку конзервативците дојдат на власт во Мадрид, тоа би можело да ја стави Шпанија во групата на земји кои се залагаат за поголема слобода на земјите членки во спроведувањето на поставените цели. сп/са/

Фото: ЕУ/МИА Архива

Остани поврзан