• среда, 17 јули 2024

Во Елбасан, Грузијци смениле 40 милиони фалсификувани леки, се предупредува на внимателност и во пограничните македонски градови

Во Елбасан, Грузијци смениле 40 милиони фалсификувани леки, се предупредува на внимателност и во пограничните македонски градови

Дебар, 9 јуни 2024 (МИА) – Двајца државјани на Грузија, во менувачница во албанскиот град Елбасан, смениле 40 милиони фалсификувани леки, за кои добиле 40 илјади евра.

-Полицијата се сомнева дека станува збор за поголема група, поради што упати апел за поголема внимателност во менувачниците, трговски објекти и бензинските пумпи.  Истото се однесува и за пограничните градови во Северна Македонија, каде може да менуваат, но и каде албанските граѓани набавуваат разна стока, а наплатата ја вршат со леки, објавија медиумите.

По пријавата на сопственикот на менувачницата, полицијата успеала да ги идентификува измамниците. Станува збор за грузиските државјани Л.Р.(49), и Л.П.(46), за кои е издадена потерница а се бараат за сторени кривични дела „измама“ и „фалсификување монети“.

Според медиумите од контролата на граничните премини тие не фигурираат дека ја напуштиле земјата, но, поради близината на Елбасан со македонската граница, кај Струга, не се отфрла можноста тие да ја минале границата илегално, со помош на албански државјани. вт/сст/

Фото: Полициски комесаријат Елбасан (сајт)

Остани поврзан