• понеделник, 23 декември 2024

Во експлозија на мина загинаа седум сириски војници

Во експлозија на мина загинаа седум сириски војници

Дамаск, 21 декември 2023 (МИА) - Седум припадници на силите на сирискиот режим загинаа вчера кога нивниот автобус нагази на мина поставена од Исламската држава (ИД) во пустинска област во централна Сирија, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права (ОСХР).

„Седум членови на режимските сили беа убиени, а десет се ранети“, соопшти Центарот, што има широка мрежа на извори низ Сирија.

Според Центарот, џихадистите на ИД поставиле мина што експлодирала кога автобус на сириската армија поминал во близина на градот Палмира, во Бадија, голема пустина што се протега од централната провинција Хомс на источната граница со Ирак.

ИД неодамна ги интензивираше своите напади во Сирија, особено во Бадија, каде нејзините борци се повлекоа откако изгуби голем дел од територијата што ја контролираше во земјата во 2019 година.

Конфликтот во Сирија, што почна во 2011 година со задушување на продемократските демонстрации, остави повеќе од половина милион мртви и ја подели земјата, иако режимот ја врати контролата врз голем дел од територијата со помош на Русија и нејзините ирански сојузници. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан