• вторник, 03 декември 2024

Во експлозија во судница во Калифорнија две лица се повредени, осомничениот е во притвор

Во експлозија во судница во Калифорнија две лица се повредени, осомничениот е во притвор

Санта Марија, 25 септември 2024 (МИА) - Најмалку две лица се повредени во експлозија што се случи денеска во судницата на југот на американската сојузна држава Калифорнија, соопштија властите.

Едно лице е приведено по експлозијата што била пријавена во судот во Санта Марија во округот Санта Барбара, соопшти канцеларијата на шерифот.

„Имаме извештаи за двајца повредени. Едно лице е веднаш приведено. Местото и понатаму е активно. Ве молиме продолжете да ја избегнувате областа“, соопштија од Канцеларијата на шерифот на округот Санта Барбара на платформата X (Твитер). зш/

Остани поврзан