• среда, 01 мај 2024

Во единствениот избирачки список во Дебар над 19 илјади, во Центар Жупа над седум илјади гласачи

Во единствениот избирачки список во Дебар над 19 илјади, во Центар Жупа над седум илјади гласачи

Дебар, 16 април 2024 (МИА) - Според подрачната канцеларија на Државната изборна комисија во Дебар, што ја покрива и општина Центар Жупа, кои припаѓаат на петтата изборна единица, во избирачките списоци запишани се вкупно 26.717 лица со право на глас.

- Гледано одделно во единствениот избирачки список за општина Дебар запишани се 19.334 гласачи, што е за 123 гласачи повеќе споредено со последните локални избори, во октомври 2021 година, а ќе се гласа на 27 избирачки места. Во единствениот избирачки список за општина Центар Жупа запишани се 7.383 гласачи или 306 повеќе, во однос на повторените избори за градоначалник, а ќе се гласа на 16 избирачки места, велат од канцеларијата.

Додаваат дека во рамки на подготовките за изборите, во општина Центар Жупа успешно е завршена обуката за општинската комисија и избирачките одбори, додека во Дебар таа почнала вчера и ќе трае до петок.

Потсетуваат дека изнемоштените и болните лица до полноќ можат да се пријават за гласање на претседателските избори на 24 април.

На последно спроведени избори, локалните, во Дебар гласаа 37 болни и изнемоштени лица, додека во април 2022 на повторените избори за градоначалник, поради необезбеден цензус, во општина Центар Жупа правото на глас го остварија 52 лица. вт/цр

Фото: МИА

Остани поврзан