• четврток, 30 јануари 2025

Во ДР Конго нападнати повеќе амбасади

Во ДР Конго нападнати повеќе амбасади

Хаг, 28 јануари 2025 (МИА) – Амбасадата на Холандија во главниот град на Демократска Република Конго, Киншаса, е нападната, соопшти холандското Министерството за надворешни работи.

Во меѓувреме, локалните безбедносни сили се присутни за да ја заштитат зградата, а ситуацијата на изглед се стабилизира, изјави портпаролот на МНР.

Амбасадата на Холандија и на Белгија се во иста зграда, сè уште е непознато кон кого бил насочен нападот.

Претходно, медиумите јавија дека демонстрантите во Киншаса ги нападнале амбасадите на Руанда, Белгија, Франција, САД, Уганда и Кенија.

Немирите во Киншаса уследија откако бунтовниците од Движењето 23 март (М23), поддржани од Руанда, вчера влегоа во Гома, град со два милиони жители, што се наоѓа на околу 1.600 километри од главниот град Киншаса.

Во Гома продолжуваат борбите помеѓу армијата и М23. Претходно, Обединети нации соопштија дека во изминатите 24 часа стотици луѓе побарале помош во болниците во Гома поради повреди од огнено оружје и гранати, а на улиците има мртви луѓе. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан