• четврток, 30 јануари 2025

Политико: Кина наводно се обидела преку социјалните мрежи да ја собори шпанската Влада

Политико: Кина наводно се обидела преку социјалните мрежи да ја собори шпанската Влада

Вашингтон, 30 јануари 2025 (МИА) – На налози на социјалните мрежи, кои наводно се поврзани со Кина, имало обид наводно да се собори шпанската Влада преку искористување на незадоволството на јавноста поради неадекватниот одговор на владата на катастрофалните поплави во регионот Валенсија во кои загинаа повеќе од 200 луѓе, се наведува во извештајот на американската фирма „Графика“ која ги анализира социјалните мрежи.

Порталот Политико пренесе дека во извештајот на „Графика“ се наведува дека Кина ги охрабрувала Шпанците да ја соборат владата преку лажни налози на организации за правата на човекот по поплавите што ја погодија Валенсија во октомври.

Како што се тврди, станува збор за налогот на организацијата за човекови права „Safeguard Defenders“,со седиште во Мадрид, која од ноември до јануари интензивно работела на платформите Фејсбук, X, БлуСкај и ТикТок.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан