• четврток, 04 декември 2025

Во Демир Хисар изложба „Меѓународна ликовна колонија Михајлово - Кавадарциˮ

Во Демир Хисар изложба „Меѓународна ликовна колонија Михајлово - Кавадарциˮ

Демир Хисар, 11 ноември 2025 (МИА) - Општина Демир Хисар во соработка со домот на културата „Иван Мазов Климе” од Кавадарци, денеска  во локалниот дом на културата „Илинден“ ќе приредат ликовна изложба.

За културната јавност во Демир Хисар ќе бидат презентирани ликовни дела од меѓународната ликовна колонија „Михајлово - Кавадарци”, најавија од тамошната локална самоуправа.

Ликовната колонија „Михајлово – Кавадарци“ годинава се одржа по 29-ти пат, а во Демир Хисар гостува прв пат и токму затоа владее голем интерес за промотивниот настан, нагласија од секторот за односи со јавност на Општина Демир Хисар. мт/ац/

Фото: Општина Демир Хисар

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан