• четврток, 16 мај 2024

Во Демир Капија над 46 отсто излезност до 15 часот, во Неготино над 42 проценти 

Во Демир Капија над 46 отсто излезност до 15 часот, во Неготино над 42 проценти 

Неготино, Демир Капија 8 мај 2024 (МИА) - Во Демир Капија е регистрирана 46.15 проценти  излезност на претседателските избори и 46.03 отсто излезност на парламентарните избори, до 15 часот. Во Неготино, до тој  период, евидентирана е излезност од  42.04 отсто на претседателски и парламентарни избори. За ова информираа од општинските изборни комисии.  

Во Неготино се гласа на 28 избирачки места, информираше замeник претседателката на Општинска изборна комисија, Елена Кузманова.  

Во Демир Капија, како што информираше Благој Јовановски, претседател на ОИК, се гласа на 11 избирачки места. свд/ир

 

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан