• четврток, 16 мај 2024

Во Демир Капија близу 58 отсто излезност до 17 часот, во Неготино близу 56 проценти

Во Демир Капија близу 58 отсто излезност до 17 часот, во Неготино близу 56 проценти

Неготино/Демир Капија 8 мај 2024 (МИА) - Во Демир Капија е регистрирана 57.82 проценти излезност на претседателските избори и 57.67 отсто излезност на парламентарните избори, до 17 часот. Во Неготино, до тој  период, евидентирана е излезност од 55.76 отсто на претседателски и 55.63 проценти на парламентарни избори. За ова информираа од општинските изборни комисии.  

Во Неготино се гласа на 28 избирачки места, информираше замeник претседателката на Општинска изборна комисија, Елена Кузманова.  

Во Демир Капија, како што информираше Благој Јовановски, претседател на ОИК, се гласа на 11 избирачки места. свд/дма/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан