• среда, 27 ноември 2024

Во Делчево спроведени активности по повод Неделата на имунизација

Во Делчево спроведени активности по повод Неделата на имунизација
Делчево, 5 мај 2022 (МИА) - Во Делчево по 12-ти пат спроведени се активности по повод Неделата на имунизација. Целта е да се подигне јавната свест за важноста од имунизацијата како најсигурен начин за искоренување на заразните болести. - За таа цел, денес во Делчево посетивме 18 семејства со новороденчиња, родени од април 2021 до април 2022 година на кои им укажавме за важноста од навремената вакцинација, грижата за детското и репродуктивното здравје со цел да предизвикаме и редовни гинеколошки прегледи кај жените, изјави  Зоран Биковски, програмски координатор на невладината организација „КХАМ" која е имплементатор на активностите.
Во рамки на активностите извршена е и проверка на здравствените картони со извршена ревизија на патронажните служби од Делчево.
-Во таа насока беше извршена проценка на квалитетот на услугите што се нудат во домовите на живеење од страна на патронажните служби, со цел понатамошно градење на довербата кон институциите на локално ниво за остварување на правата на здравје, рече Биковски.
Во акцијата е вклучена и Општина Делчево.
- Општина Делчево со задоволство се вклучува во оваа традиционална акција со цел да го свртиме вниманието и да потенцираме значењето на вакцините, изјави Игор Жежовски од Општина Делчево.
Во активностите за прв пат по седум години се вклучува и педијатар ангажиран преку Здравствениот дом во Делчево и Црвениот крст. вс/бак/

Остани поврзан