• четврток, 04 декември 2025

Во Делчево одбележан празникот Источен Петок Балаклија

Во Делчево одбележан празникот Источен Петок Балаклија
Делчево, 21 април 2023 (МИА) - Манастирскиот комплекс „Балаклија" во Делчево и денеска беше зборното место каде христијанските верници го одбележаа празникот Источен Петок Балаклија. Во текот на целиот ден граѓаните го посетуваа изворот кој се наоѓа под самиот манастир кој го носи името на Св.Богородица Балаклија. 
Според народните верувања на жителите од Пијанец, изворот со вода има лековито дејство, заради што е посетуван не само на овој празник, туку и преку целата година.
-На овој извор доаѓаме често, а денеска сум посебно радосна бидејки ми се роди правнука. Убави емоции на убав празник, така што им посакувам се најубаво на сите верници, вели посетителка од Делчево.
До 2019 година на овој ден се служеше и црковен ручек, но поради корона пандемијата, традиција во изминатите две години беше укината.
-Народот, сепак, е навикнат на оваа традиција и затоа и денес е присутен во текот на целиот ден. Ја посетуваат чешмичката, палат свеќи за здравје. Добро е иако било и подобро. Нека е за многу години и Христос Воскресе, додаца друг граѓанин кој денеска го посети овој манастир.
 
Манастирскиот комплекс Св. Богородица Балаклија е изграден на иницијатива на поранешниот премиер по потекло од Делчево Љубчо Ѓеорѓиевски кој вложи во уредување на местото каде порано се наоѓаше малата црквичка, која е често посетена од туристите од земјава и странство. вс/вг/
Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан