• понеделник, 13 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во Делчево објавени тендерски постапки за проекти кои ќе се реализираат преку Интерег ИПА програмата

Во Делчево објавени тендерски постапки за проекти кои ќе се реализираат преку Интерег ИПА програмата

Делчево, 4 јуни 2025 (МИА) - Општина Делчево почнува тендерски постапки за проектите „Работи за изградба на скејт парк во Делчево“ и „Регулација на коритото на река Брегалница“. Тендерските постапки се во рамките на имплементацијата на проектот „Интегрирани прекугранични туристички акции во регионот Благоевград-Делчево“.

- Проектите ќе се реализираат со финансиска помош од програмата Interreg VI-A IPA Бугарија – Северна Македонија 2021 – 2027. Тендерската документација е достапна за увид во Општина Делчево, ул. „Светозар Марковиќ“ бр. 1, 2320 Делчево и објавена на следните веб-страници: https://ipa-bgmk.mrrb.bg ; https://delcevo.gov.mk; , информираа од Општината.

Понудите, како што додадоа, може да се поднесат најдоцна до крајот на овој месец.

-Краен рок за поднесување на понудите е 30.06.2025 до 15:00  часот (локално време). Евентуалните дополнителни информации или појаснувања/прашања ќе бидат објавени на следните веб-страници: https://ipa-bgmk.mrrb.bg; www.delcevo.gov.mk, додадоа од Општината. вс/мд/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан